Македонија добива 100 милиони долари од Светска банка

Bez autora
Apr 23 2012

Светска банка искажа подготвеност да ја поддржи развојната политика на Република Македонија со 100 милиони долари за развој на конкурентноста и поддршка на реформите во економијата, здравството, образованието и социјалната сфера. Со ова, како што соопштија Министерството за финансии, Светска банка докажа дека е сигурен и постојан партнер на патот на економскиот и општествен развој на Македонија. Претставниците на Светска банка и на ММФ, со кои се сретна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Вашингтон, го поздравија и навремениот ребаланс на буџетот во согласност со актуелните случувања со должничката криза во Европа, со што ќе му се помогне на стопанството во Македонија. Исто така, истакнаа дека поволните услови под кои реномирана европска банка како Дојче банка и одобрила кредит од 250 милиони евра на Македонија се потврда за добриот имиџ кој македонската економија го има на меѓународниот пазар на капитал.

Македонија добива 100 милиони долари од Светска банкаСветска банка искажа подготвеност да ја поддржи развојната политика на Република Македонија со 100 милиони долари за развој на конкурентноста и поддршка на реформите во економијата, здравството, образованието и социјалната сфера.

Со ова, како што соопштија Министерството за финансии, Светска банка докажа дека е сигурен и постојан партнер на патот на економскиот и општествен развој на Македонија.

Претставниците на Светска банка и на ММФ, со кои се сретна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Вашингтон, го поздравија и навремениот ребаланс на буџетот во согласност со актуелните случувања со должничката криза во Европа, со што ќе му се помогне на стопанството во Македонија. Исто така, истакнаа дека поволните услови под кои реномирана европска банка како Дојче банка и одобрила кредит од 250 милиони евра на Македонија се потврда за добриот имиџ кој македонската економија го има на меѓународниот пазар на капитал.

Во рамки на пролетните срдби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, вицепремиерот Ставрески оствари средби со извршниот директор на ММФ, Мено Снел, потпретседателот на Светска банка, Филип Леру, и директорката за Македонија во Светска банка, Џејн Армитаџ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik